Командат Малишева со контроверзна порака на Фејсбук

Судскиот процес против 29 лица дел од таканаречената Кумановска група кои се обвинети за тероризам и терористича организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај во Дива населба (Диво Насеље) во Куманово.

Еден од обвинетите за тероризам во судскиот предмет Диво Насеље, Мухамед Красниќи познат под прекарот Командат Малишева, преку својот фејсбук профил упати контроверзна порака до раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тој пишува дека со нивните пушки биле симнати од власт владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

„Ние бевме тие кои со нашите пушки ве симнавме од власт вас и вашите руски поддржувачи, а вие се обидовте со сила и терор да ја задржите власта, правејќи досега невиден терор,“ се вели во неговиот фејсбук статус

Красниќи е обвинет како еден од водачите на групата која учествуваше во терористичкиот напад во Диво Насеље, при што беа убиени осум полицајци, а 38 беа повредени. Во дводневната престрелка беа убиени и 10 припадници на групата за која се смета дека ја предводел токму тој.