Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давковапреку видео порака на социјалните мрежи соопшти дека за неколку часа ги собрала потребните 10 илјади потписи како поддршка за нејзината кандидатура.Во своето обраќање посочи дека со овој чекор и официјално ќе стане претседателски кандидат за претстојните избори.
„Не можам да најдам зборови со кои би ја изразила благодарноста, за мене како во рациновата песна „Силно светнал ден“. Мислам дека е тоа е денот кога ќе започнеме заедничка битка за право и правда“, порача Силјановска.
Таа претходно поддршка доби од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на конгресот во Струга.
Поддршката од граѓаните со десет илјади потписи бараат и Филип Петровски и Амди Бајрам. Петровски на социјалните мрежи се пожали на опструкции и потешкотии на првиот ден откако стартува рокот за собирање на потписите.