Државниот санитарен и здравствен инспекторат изрече времена забрана за вршење на здравствена дејност на специјалистичка ординација по пластична и реконструктивна хирургија „Др. сци. мед. К. Митаноски“ во општина Аеродром. Забраната е изречена по извршен вонреден инспекциски надзор поврзан со починатиот пациент во градската болница „8-ми Септември“, кој бил третиран во операционата сала на оваа ординација.
„Во моментот на увидот, ординацијата е затекната затворена, по телефон е викнат сопствениокот кој е носителот на дејност согласно решение издадено од Министерството за здравство. Истиот е пензионер и нема вработено друг кадар во ординацијата. При надзорот од страна на докторот даден е податок дека операционата сала каде е повремено му ја издава на користење на д-р Ѕвонко Николовски од ПЗУ Јанита во Скопје. Починатиот пациент е третиран во оваа сала“, информираат од ДСЗИ.