Миле Јанакиески оди во домашен притвор, Спиро Ристовски останува во Шутка

Поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска донесе одлука со која мерката притвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески се преиначува во мерка куќен притвор, додека поранешниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски останува во притвор во затворот „Шутка.“

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, како и поранешните министри Јанакиески и Ристовски во средата беа приведени на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април. Вељаноски се повика на пратеничкиот имунитет, додека на Јанакиески и Ристовски им беше одреден 30-дневен притвор.

Тие беа нападнати во притворот, по што директорот на истражниот затвор Ѓоко Котевски најави оставка.