ВМРО-ДПМНЕ- оставката на Котевски не е доволна, одговорност и од Заев и Дескоска

Архивска фотографија- седиштето на ВМРО-ДМНЕ

Зоран Заев и Рената Дескоска мора да сносат одговорност за “тепањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристоски во притвор, а не истите да се вадат на одговорност само во пониските ешалони на власта”. Ваква е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на премиерот Зоран Заев бара оставка од директорот на затворот „Шутка“ Ѓоко Котевски по вчерашните два инцидента во дворот на казнена институција.

“Тепањето на Јанакиески и Ристовски е акт на деспотизам кој не смее да остане неказнет. Чинот што било дозволено тепање на притвореници е срам за демократијата. Срамно и недозволиво, властите не го спречија тепањето, туку синхронизирано се обидоа да ја манипулираат јавноста, дека истиот или не се случил и дека е незначителен”, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Тие го повикуваат народниот правобранител и сите меѓународни претставници во земјата да го испитаат случајот и да спречат понатамошно кршење на човековите права.