Со новите два законски текста кои веќе се готови, Специјалното јавно обвинителство ќе биде дел од Основното јавно обвинителство, изјави министерката за правда Рената Дескоска во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
Законските текстови биле ставени на јавна дебата, а добиле и сугестии и од странски експерти. Дескоска рече дека во моментов изработен е текст во Министерството за правда, кој ги сублимира добрите решенија од едниот и од другиот закон
"Во неговите одредби се содржани одредби кои што го воспоставуваат СЈО како траен орган во системот на ЈО со одредени гаранции на
нивна автономија бидејќи сепак мора да бидеме свесни дека системот што остана зад нас, што беше повод и причина за формирање на СЈО може да се врати било кога. Ние мора да имаме механизам кој ќе биде на некој начин против тежа на ЈО со цел да може да функционираме
како држава која гради владеење на правото", изјави Дескоска.
Министерката за правда посочи дека иако СЈО ќе биде дел од ОЈО, сепак, ќе има своја автономија. Предвидена е и одредба со која ОЈО ги презема предметите што се однесуваат за сторени кривични дела од највисоките функционери.