Јанакиески вратен во притвор

Миле Јанакиески

Директорот на затворот во Шутка, Ѓоко Котевски информираше дека Миле Јанакиески е вратен во притвор по лекарскиот преглед во градската болница „8 Септември“. Ппранешните министри Јанакиески и Спиро Ристовски биле физички нападнати, по вербални расправии кои тие ги предизвикале во два одделни инциденти со различни затвореници.

Котевски посочи дека Ристовски не побарал дополнителна медицинска помош, а Јанакиески се пожалил на болки по што бил упатен кон градската болница. Тие се наоѓаат во триесет дневен притвор по барање на обвинителството во рамките на истрагата за настаните во Собранието на 27 април, 2017 година.

Од ГОБ „8-ми Септември“ соопштија дека на Јанакиески не му биле констатирани телесни повреди.