Поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски биле физички нападнати во истражниот затвор во Шутка, потврдуваат за Радио Слободна Европа извори од затворот. Тие од вчера се во триесет дневен притвор по барање на обвинителството во рамките на истрагата за настаните во Собранието на 27 април, 2017 година. Се уште не е официјално соопштено како дошло до инцидентот.
Од Кривичниот суд во Скопје потврдуваат дека им било доставено известување дека се случил физички напад во затворот. Од судот не посочуваат детали, туку само соопштуваат дека судија утре ќе оствари посета на затворот и ќе констатира за што станува збор.