Обвинетиот Никола Митрески-Кољо во завршните зборови на судењето за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, рече дека јавноста знае оти биле изманипулирани од идејата за така наречената “Тиранска платформа” предводена од организаторите, политичари.
Митревски, како и претходните обвинети се осврна на сведочењста на браќата Михаил и Стефан Младеновски, за кои наведе дека има нелогичности и дека тоа може да се докаже со листинзите од мобилните за неговото движење на 27 април.
Митрески порача и дека жали за случувањата и им се извини на сите присутни пратеници, граѓани и новинари кои биле присутни на настаните од 27 април. За завршен збор на судењето останува уште обвинетиот Александар Василевски-Нинџа.