Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека повело постапка против петмина осомничени за случувањата во Собранието на 27 април , меѓу кои е и поарнешниот премиер Никола Груевски.
Тој е едно двете лицата за кои се бара притвор, а се надвор од државата. Другиот за кој станува збор е поранешниот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој повеќе од една година е во Грција.
"Наредбата е за спроведување на истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик" се вели во соопштението.
Осомничените Вељановски, Јанакиески и Ристовски веќе се приведени, додека Бошковски и Груевски се во бегство.
"Наодите од предистражната постапка укажуваат дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Осомничените како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите"се наведува во соопштението
За вмешаност во настаните од 27 април попладнево беше приведен поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, а покарј него, приведени се и поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристоски
Поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник Трајко Вељаноски вечерва по излегувањето од Основното Јавно Обвинителство не одговори на новинарските прашања за тоа како е приведен, дали е тој организатор на 27 април и зошто е приведен.
Вељаноски вечерва прв го напушти Обвинителството бидејќи тој има пратеничи имунитет кој сѐ уште го штити.
Во судот во изминативе неколку дена во тек се завршните зборови на обвинетите по предметот за насилството во Собранието. Јавното обвинителство неодамна соопшти дека води истрага за организаторите на насилните настани на 27 април во Собранието.