Полиција го приведува поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник од ВМРО -ДПМНЕ Трајко Вељановски, дознава Радио Слободна Европа. Од Јавното обвинителство кусо ни одговорија дека во моментов има одредена акција но дека сега не може да соопштат повеќе детали. Тоа велат дека ќе го сторат во текот на утрешниот ден. Од извори на истрагата за Радио Слободна Европа велат дека пратеникот Велјановски е приведен, додека поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски од куќен притвор е однесен до судија на претходна постапка. Истите извори велат дека меѓу приведените е и поранешниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристоски.
Во судот во изминативе неколку дена во тек се завршните зборови на обвинетите по предметот за насилството во Собранието. Јавното обвинителство неодамна соопшти дека води истрага за организаторите на насилните настани на 27 април во Собранието.