Филип Петровски од сабота ќе почне да собира десет илјади потписи за неговата кандидатура на претстојните претседателски избори. Тврди дека зад него, односно зад „Македонија блокира“ стојат повеќе од 80 организации и целата македонска дијаспора.
Поништување на Преспанскиот договор, односно на промената на уставното име, поништување на двојазичноста, враќање на илинденските и асномските принципи како темел на основање на нашата држава, и вонредни парламентарни избори, се четирите клучни определби кои Петровски на денешната прес-конференција вети дека ќе ги исполни и нема да отстапи од нив.
Петровски денеска обвини дека изборот на претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ во Струга бил однапред изрежиран од страна на претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски.