Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека повело постапка против девет луѓе од организирана криминална група за изработка и продавање огнено оружје. Надлежниот јавен обвинител до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до надлежниот суд ќе достави и предлог за определување на мерка притвор.
Тие се товарат за сторено кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки
материи од член 396 од Кривичниот законик.
Осомничените во текот на октомври 2018 година ја создале криминалната група, што на територијата на државата неовластено изработувала, држела, продавала и посредувала во трговија со огнено оружјеи муниција во поголемо количество.