„Како може некој што бил член на СДСМ, а сега се кандидира од страна на ВМРО?“ – прашува посетителот на ФБ страницата на РСЕ, Ацо Спасов, и продолжува со прашањата и сомнежите по информацијата дека Гордана Силјановска – Давкова е избраниот кандидат на опозициската партија за претседател на државава.
„Дали ова не е политичка игра за народот да се изигра од страна на ВМРО и СДСМ кои се договориле помеѓу себе... затоа само бојкот или кандидат избран од народот, а не од овие две предавнички партии“, го завршува својот пост Ацо Спасов.
Видете и ова: Консензуален vs. ВМРО ДПМНЕ кандидат за Претседател?Али Нуредини предвидува дека „Катастрофален и невиден пораз ќе ѝ се случи и фијаско!“ Драган ДрагСки Гардски со исто предвидување и со фудбалски термин: „Уште еден пенал од серијата пенали што заслужено ќе ги јаде ДПМНЕ“. Бобан Неделковски вели „Фарса ви е конвенцијата, демек глумите демократија на однапред познат избор“, а Тасевски Ѓорѓи вели: „Денеска се бира кандидат кој ќе даде цензус за претседателските избори... фингерај невиден...“ Африм Фими со потсетување: „10 години ВМРО имаше претседател и останавме во исто место, сега е време некој друг да води и да им служи на своите граѓани“.
Речиси сите посетители на нашата ФБ страница со потсмев и неверување реагираат на соопштенијата на МВР дека е изведена акција по добиени сознанија за постоење групи подготвени да изведуваат терористички напади и на амбасадата на САД дека во земјава постои зголемен ризик од терористички напади инспирирани од екстремистичка идеологија. За Драге Исаески почнале сценаријата „...Како и секаде... сценаристот е големиот брат... сега нè начукаа у го... па после Рамбо ќе нè вади... Холивуд на Балканот“. Николче Трајановски извикува дека „тоа е одземање на вниманието, не подлегнувајте на тие комунистички финти“, а за Зоран Данилов ова било промоција на новото име од нашите партнери бидејки „Информацијата“, вели, „ќе го обиколи светот. Каде закана? Во Северна Македонија“. И другите постови се во истиот стил.
Видете и ова: Човечност и омраза како две лица на трагедијатаИма огромен број коментари како реакција на постовите по социјалните мрежи по трагичната сообраќајна несреќа на гостиварскиот автобус, меѓу нив и на професорката Ванковска. Халим Ислами пишува: „За жал, кај нас се случува и во трагедија да има политика и говор на омраза. Најлошото е што говор на омраза доаѓа од долгогодишна професорка на скопскиот Универзитет“. Бисерка Молеровиќ порачува: „Оваа случка покажува дека сите сме од крв и од месо... Болката за загинатите е иста без оглед на етничката припадност. Сите се раѓаме како луѓе ама не умираме како луѓе“. Силна порака носи и постот на Цуле Сунци Кокоровска: „И која е разликата помеѓу ’нас‘ и ’нив‘? Кога сите седеа во ист автобус и 14 луѓе отидоа во рајот? И ’ние‘ плачевме денес и ’тие‘ плачеа денес’... Сите плачевме... И плачеме“.