Лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети денеска ќе одржат средба на која ќе разговараат за можен заеднички кандидат на претседателските избори. Партиите од Коалицијата предводена од СДСМ, на вчерашната работна средба постигнаа начелна согласност на лидерско ниво, да застанат зад заеднички кандидат за претседател на државата, како и заеднички да настапат на престојните претседателски избори уште во првиот круг, информираат од СДСМ. Инаку, во тек е конкурсот на СДСМ за пријавување на кандидати, а кој ќе ја претставува владејчката партија во трката за претседател ќе се знае на конгресот закажан за 3 март. Заев по изјавите од ДУИ дека нема да поддржат кандидат произлезен од конгресот на СДСМ не ја исклучи можноста да најдат заеднички кандидат со партијата на Ахмети. ВМРО-ДПМНЕ на партискиот конгрес во саботата ја избра професорката Гордана Силјановска Давкова за претседателски кандидат на партијата на изборите.