Протест на производителите на јаболка од Преспа

Јаболка во регионот на Преспа

Производителите на јаболка од Преспа денеска во знак на протест го блокираа патот Битола-Ресен. Тие бараат средба со премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделие Љупчо Николовски за изнаоѓање решение за слабиот пласманот на јаболката. Повикаа и да продолжи субвенционирањето на индустриските јаболка со три денари за килограм и да им бидат исплатени субвенциите за минатата година.

Според министерството за земјоделие, укинувањето на субвенцијата за килограм предадено јаболка е направена по барање на дел од овоштарите кои протестираат и истата е вкалкулирана во субвенцијата за одржување на овошни насади со јаболка. Од министерството наведуваат дека финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка се зголемува од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а 20 отсто повисокa финансиска поддршка добиваат овоштарите со развоен потенцијал.