Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека калифатот на милитантната група Исламска држава е на работ на колапс и ги повика европските сојузници да „примат назад“ 800 милитанти кои биле заробени во Сирија.
„САД бараат од Британија, Франција, Германија и другите европски сојузници да примат назад над 800 борци кои беа заробени во Сирија и да ги изведат пред суд“, напиша Трамп на Твитер.
Според него, доколку тоа не се случи САД ќе бидат принудени да ги ослободат борците.