Премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алкесис Ципрас, синоќа во Минхен ја примија наградата „Евалд фон Клајст“.
„Ова е голема чест за граѓаните на Северна Македонија и Грција“, напиша премиерот Заев на својот фејсбук профил.
Заев и Ципрас беа поздравени со аплауз додека ја примаа наградата за нивниот придонес во меѓународниот мир и мирно решавање на споровите преку Договорот од Преспа. Заев при примањето на наградата порача дека успехот на пријателството со Ципрас е врз основа на на три кулни зборови- надеж, дијалог и заедност. Тој нагласи и дека наградата ја споделува со неговиот, како што рече, драг пријател, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и со сите други лидери од балканските земји.
„Но, оваа награда ја посветувам на сите млади од Балканот. Ова достигнување е за нив. Тие се причината што ја имаме. Она што го правиме денес е основа за она што вие – млади луѓе – нашите идни генерации, ќе создадеме утре“, рече Заев.
Домаќин на церемонијата беше премиерот на федералната држава Баварија, Флоријан Херман, која се одржа во рамки на конференцијата за безбедност во Минхен.