Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје вечерва на својата интернет страница објави безбедносно предупредување за можни терористички напади на територијата на државава.
“Има зголемен ризик од терористички напади инспирирани од екстремистичка идеологија во Северна Македонија. Терористичките организации и поединци инспирирани од екстремистичката идеологија имаат намера да нападнат цивили, меѓу кои и американски граѓани кои патуваат низ светот. Терористите сè почесто користат помалку софистицирани методи за таргетирање на групи луѓе на јавни места, вклучително и со користење на пиштоли, возила и остри предмети”,наведуваат одамбасадата на САД во Скопје.
Во соопштението се наведува и дека терористичките напади и други безбедносни инциденти често се случуваат без никакво предупредување, а граѓаните на САД треба одржуваат високо ниво на претпазливост.
“Екстремистите повеќе се стремат кон изнаоѓање и напади врз “меки цели”, како што се: трговски центри и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, верски објекти, училишта, паркови и јавни настани од висок профил (спортски натпревари, политички митинзи, демонстрации , празници, славенички собири итн.”, наведуваат од амбасадата на САД.
Претходно вечерва, од МВР соопштија дека постапувале по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја, во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС.