Трагедијата која се случи на атвопатот Скопје – Тетово во која се преврте автобус и загинаа четирнаесет луѓе ја покажа хуманоста на многу луѓе, почнувајќи од жителите на селото Ласкарци кои цела ноќ помагаа во спасување на патниците, па се до инстутуциите и здравствените работници кои кусо по несреќата се мобилизираа и се вклучија да спасат човечки животи. Дека човечноста ги обедини граѓаните во Макадонија покажаа и гестовите на луѓето кои кои ги понудија и своите домови за сите кои имаат потреба некаде да престојуваат
Но, од друга страна, на денот на жалоста други граѓани продолжија со говорот на омраза на социјалните мрежи .
Видете и ова: Спасовски: покренати пет постапки за говор на омразаСтуденти од УКИМ ги понудија своите домови за сите кои имаат потреба некаде да престојуваат, а професоркаta од овој универзитет Билјана Ванковска објави пост во која напиша „Каква трагедија и иронија – Карпалак“. Овој пост предизвика бројни рекции на осуда во јавноста.
Имаше и злонамерни постови во кои беше напишано и дека во несреќата загинале само Албанци и „комуњари“, други напишаа дека сообраќајната несреќа е саботажа против НАТО и новото име на земјава.
Меѓу настраданите и повредените има и Македонци, и Турци, и Албанци, а и месното население што притрча прво напомош е ,исто така, од мешан етнички состав.
Станува збор за трaгедија која нема никаква врска со политика, туку во прашање се човечки судбини и човечноста не треба да се заборави особено во вакви моменти, велат социлозите. Дел од нив сметаат дека општеството се уште е длабоко исполитизирано од сеќавањата од минатото.
Споменувањето на Карпалак, што се протолкуваа како споредба или правење алузија со жртвите од конфликтот од 2001-та итн, наиде на бројни реакции од голем број граѓани кои ја осудија универзитетската професорка Ванковска. Таа пак, објаснуваше дека била погрешно сфатена. „За мене тоа е место кое секогаш будело и ќе биди жал за луѓе кои ги загубиле животите, без оглед на причините“. Социологот Илија Ацевски вели дека кај јавните личности, а особено кај претставници на академската заедница секој збор има особена тежина и оти тие треба да бидат внимателни кога изнесуваат мислење.
Видете и ова: УКИМ нуди сместување за семејствата на повредените од автобуската несреќаОсврнувајќи се на дописот во која ректорот на УКУМ Никола Јанкуловски се огради од постот на професорката, Ацевски вели:
"Ректорот како човек веројатно е и малку збунет. Во таа смисла можеби треба да се реагира поостро. Да се даде до знаење дека таков настан не смее да се злoупотреби особено од академската заедница. Oдговорноста е далеку поголема на човек кој учествува во креирање на јавното мнение како што е професорката и авторитети од тој ранг", вели професорот Ацевски.
Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски во дописот до јавноста се огради од изјавата на професорката од Правниот факултет Билјана Ванковска бидејќи, како што вели, во врска со нејзината изјава вчера во медиумите и на социјалните мрежи бил повикуван и споменуван УКИМ. Притоа додава и дека Скопскиот универзитет секогаш ја поддржувал слободата и правото на секој професор и студент слободно да мисли и да го изразува своето мислење.
“Не навлегувајќи во правните квалификации на изјавата на професорката, за што се надлежни други институции, од етички причини чувствувам должност да се оградам од изјавата на проф. д-р Билјана Ванковска. Како човек остро осудувам секакви изјави кои алудираат на нетрпеливост и нетолеранција и создаваат чувство на омраза. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ секогаш ја подржувал слободата и правото на секој професор и студент слободно да мисли и да го изразува своето мислење, пишува Јанкуловски”
Во меѓувреме постот на професорката испровоцира и петиција против неа.
Инаку, МВР информираше дека засега се покренати пет постапки за говор на омраза по тешката сообраќајка на автопатот Скопје - Тетово,
Пријавите за говор на омраза се поднесени до јавните обвинителства во Скопје, Струмица и Куманово и се работи на откривање на други профили на социјалните мрежи од кои се шират говори на омраза.
Деновиве поради говорот на омраза реагираше и Хелсиншкиот комитет. Од таму за медиумите изјавија дека забележително е што секогаш едни исти личности се појавуваат како мегафони и шират говор на омраза и на некој начин ги засилуваат и ги охрабрувааат националистички страсти. Од таму нагласија дека е важно веднаш да се реагира кога има говор на омраза и дополнија дека тоа отсуствува со години наназад.