Британскиот телевизиски канал „Скај њуз“ идентификуваше трет осомничен за минатогодишното труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солсбери, пренесува РТ. Каналот, повикувајќи се на групата „Белингкет“, објави дека и третиот осомничен е висок руски офицер Денис Сергеев, од руската разузнавачка служба ГРУ, кој го користи алијасот Сергеј Федотов.
„Белингкет“ тврди дека Сергеев бил во Велика Британија под алијас Сергеј Федотов за време на труењето во Солсбери и во предвечерието на гласањето за Брегзитот. Федотов исто така патувал во една пригода со Александар Петров, лице претходно обвинето од британската влада за обид за убиство на Скрипал со воен отров.
Скотланд јард засега не ги коментираше новите информации.