УКИМ нуди сместување за семејствата на повредените од автобуската несреќа

Автобус се преврте на автопатот Скопје - Тетово

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја споделува тагата со семејствата на сите кои трагично ги загубија животите во сообраќајната несреќа која се случи вчера на автопатот Скопје–Тетово и им изразува длабоко и искрено сочувство за ненадоместливата загуба.

„Водени од желбата да помогнеме на семејствата чии членови се повредени и се наоѓаат на лекување во Ургентниот центар „8 Септември“ и на другите клиники на територијата на град Скопје, УКИМ ги нуди своите расположливи капацитети за сместување во Домот за постдипломци кој се наоѓа во непосредна близина на болницата, позади Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ и во лекторската зграда која е лоцирана во општина „Аеродром“, наведува скопскиот универзитет.

Како лице за контакт го посочуваат Илија Богоевски со телефонски број 070 286 173.