Тринаесет патници загинале, а над 25 се повредени откако автобус со 50-ина патници денеска попладне излетал на патот Скопје - Тетово и се превртел во провалија кај селото Ласкарци, во близина на Карпалак.
Бројот на загинати и повредени вечерва го потврди и министерот за здравство Венко Филипче. Според него, седуммина настрадале на лице место, а другите починале на клиниките по неуспешните обиди да бидат реанимирани и спасени. Во скопската болница 8-ми Септември биле однесени 25 патници, а на скопските клиники петмина повредени.
Веднаш по несреќата, сите амбулатни возила на Здравствен дом Скопје и на болниците Систина и Неуромедика биле испратени на лице место.
Неофицијално, автобусот илзетал од патот поради пукната гума.