СДСМ ќе бара консензуален кандидат за претседател

Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ

Извршниот одбор на СДСМ синоќа го овластил претседателот на партијата, како и генералниот и организациониот секретар да извршат консултации со коалициските партнери и со други парламентарни и вонпарламентарни партии за да дојдат до консензуален кандидат за претседател на државата, соопшти портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов по завршувањето на седницата на Извршниот одбор на СДСМ. Тој додаде дека СДСМ е на став да не се оди на предвремени парламентарни избори. „Веќе сме дел од НАТО, очекуваме датум за преговори со ЕУ и реализација на потребните реформи. Одговорна партија и одговорна власт не би ја загрозила таа шанса, не би го загрозила датумот за преговори со ЕУ со предвремени парламентарни избори“, изјави Костадинов.