Премиерот Зоран Заев, пред почетокот на седницата на Извршниот одбор на СДСМ рече дека вечерва партијата ќе донесе одлука за барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори.
Во врска со претседателските избори, Заев изјави дека на негов предлог, СДСМ ќе почне разговори со политичките субјекти во државата, не само коалициските, туку и со вонпарламентарните, дури и опозициските партии, за евентуален избор на консензуален претседател.
Тој ги коментираше и обвинувањата за непотизам при вработувањата во државните институции и рече дека побарал да се направи анализа на сите постапки за вработувања.
„Ќе направиме анализа, ќе ги видиме постапките и секаде каде што има привилегии, протекции или какво било влијание, ќе бараме повлекување на работните места бидејќи сакаме да испратиме порака дека сите во општетството, дури и децата на некој функционер имаат шанса во Македонија“, рече Заев