Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва на својот „Твитер“ профил објави дека е добиена Вербалната нота од Грција, и дека Договорот од Преспа стапува на сила. Тој нагласи дека ова е почеток на долго пријателство меѓу Грција и Северна Македонија.
„Ја разменивме вербалната нота, Преспанскиот договор стапува на сила! Денеска може да биде почеток на долго пријателство меѓу Грција и Северна Македонија. Не можеме да го промениме нашето минато, но можеме да ја обликуваме нашата иднина на пријателство, партнерство и соработка“, напиша Димитров.