Парламентот на Република Словенија, денеска на вонредна седница, го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Со тоа, Словенија стана втората земја-членка на Алијансата, која по Грција, го ратификува Пристапниот протокол во НАТО.
На седницата, пред гласањето, се обрати претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. Тој се заблагодари од името на Собранието и на граѓаните на Македонија и нагласи дека со овој чин се потврди пријателскиот и принципиелен однос кон граѓаните на нашата земја.
Според најавите од Албанија, в четврток пристапниот Протокол треба да биде ратификуван и од албанскиот Парламент.