Советот на Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ реагира на веста дека оваа национална манифестација што го негува изворниот мелос по 45 години ја нема во програмата на Министерството за култураза оваа година. Односно, не доби ниту денар за активностите.
Според секретарот на фестивалот Златко Лашкоски, ова е шокантно и никогаш не се случило во четири и пол децении постоење на овој Фестивал, што ги негува и ги одржува изворните традиции од овие простори.