По Грција, Албанија и Словенија следни за ратификација на протоколот за НАТО

Церемонија за потпишување на пристапниот протокол за Македонија во НАТО

Комисијата за закони на албанскиот Парламент едногласно го одобри протоколот за членство во НАТО, со кој се отвора патот за ратификација на истиот на пленарна седница. Гласањето во законодавниот дом во Тирана ќе биде во четврток, кога исто така се очекува без проблеми да се изгласа едногласно приемот на Македонија како нова членка на НАТО. Се очекува на седницата на албанскиот парламент да присуствува претседателот на македонското собрание, Талат Џафери.

Утре исто така на вонредна седница, словенечкиот Парламент треба да го ратификува Протоколот за членство на Македонија НАТО. Грчкиот Парламент прв го ратификуваше протоколот минатиот петок.