Фетаи побара осудителни пресуди за обвинетите во „Титаник 2“

Обвинителка Фатиме Фетаи.

Во кривичниот суд обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи ги изнесе завршните зборови во предметот „Титаник 2“ кој се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013

Фетаи рече дека со изведувањето на доказите се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело за кое се обвинети и побара осудителни пресуди.

„Во текот на доказната постапка произлегоа докажани факти кои укажуваат на вина на обвинетите“, истакна обвинителката Фетаи, која додаде дека се докажало умислено влијание од Сашо Мијалков, умислено потикнување од Мендух Тачи врз членот на ДИК, Бедрадин Ибраими, како и незаконско постапувањ на членовите на ДИК, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.