Владата на вчерашната седница донесе одлука да ги обештети единаесетте лица кои беа осудени во случајот „Сопот", а за кои СЈО минатата година ги повлече обвиненијата по што тие беа ослободени.
"По тужба на тужителите, сите од село Сопот, Куманово, за исплата на надомест на штета на лица поради неоправдана осуда за секој ден поминат во притвор, домашен притвор или затвор по 5.500 денари и да ги надомести трошоците во постапка на тужителите во висина утврдена од страна на судот, се појаснува во денешното соопштение од владината прес-служба
Обвинетите во „Сопот“ беа беа осудени дека во 2003 година поставиле мина на пат во Сопот која експлодирала, при што загинаа војници на НАТО.
Тие беа осудени за тероризам во март 2010 година на вкупно 150 години затвор.