СДСМ најавува одлука за предвремени избори наскоро

Архивска фотографија- седиштето на СДСМ

Пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски денеска во одговор на новинарско прашање за можноста за предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со претседателските, рече дека “државните интереси за Социјалдемократскиот сојуз се секогаш пред партиските и дека одлуката којашто наскоро ќе биде донесена ќе биде во интерес на граѓаните”.

„На Социјалдемократскиот сојуз на Македонија му одговара да излезе на предвремени парламентарни избори, да добие нов четири годишен мандат. Но, многу позначајно е дали со тоа ќе се закочи или ќе се забрза процесот на развој на земјата за што се прават сеуште сериозни анализи. Одлуката која што ќе се донесе мора да биде и ќе биде исклучиво од интерес на граѓаните и државата“, рече Кирацовски.

Инаку од СДСМ претходно најавуваа декаодлуката ќе ја донесат до крајот на јануари, па потоа и до крајот на оваа недела, но се уште нема најава за состанок на партиските тела.