Кривичниот суд го одби барањето на одбраната на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков да биде ослободен од гонење за судскиот процес
"Тортура". Тој преку адвокатите се повика на мислењето на Врховен и побара судијата да донесе одбивателна пресуда односно да биде ослободен од гонење, со образложение дека рокот за подигнување на ова обвинение бил надминат за 20 дена.
Судијката го одби предлогот на Мијалков и продолжи со сослушување сведоци. Според неа мислењето на Врховен не е обврзувачко и ваквите забелешки одбраната требала да ги посочи кога се оценувало обвинението. Ова е прва одлука на Кривичниот суд во врска со мислењето на Врховниот суд дека СЈО има рок од 18 месеци од примањето на бомбите за подигнување обвиненија и отворање истраги.