Помпео: Повлекувањето на САД од Сирија не е крај на борбата против ИД

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, им кажа на сојузниците дека повлекувањето на американските сили од Сирија не е "крај на борбата на Америка" против екстремистичката група Исламска држава, за која рече дека останува опасна закана. Помпео ова го кажа пред официјалните претставници од Глобалната коалиција од 79 члена за победа врз ИСИС, кои денеска се состанаа во Вашингтон. До еднодневниот состанок доаѓа по изјавата на претседателот Доналд Трамп во декември дека тој ги повлекува американски сили од Сирија. Критичарите рекоа дека вакуумот што го создава заминувањето на американските војници може да резултира со повторно оживување на групата ИД и на Ал Каеда во Сирија или во соседен Ирак. Во своето воведно излагање на состанокот во Вашингтон, Помпео ги увери сојузниците дека САД "ќе продолжат да ја водат" борбата против милитантите на ИД, но, исто така, ги повика другите нации повторно да се залагаат за трајно поразување на ИД.