Хан го поздрави потпишувањето на Протоколот за НАТО

Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јохнес Хан го поздрави потпишувањето на Протоколот за членстово на Македонија во НАТО.

"Тоа е придонес за мирот и стабилноста на Западен Балкан и пошироко" напиша Хан на Твитер.

Амбасадорите на 29 земји членки на НАТО денеска во Брисел го потпишаа Протоколот за членство на Македонија во Алијансата.