Претседателот Ѓорге Иванов го поздравува потпишувањето на пристапниот Протокол за членство на земјата во НАТО, но го критикуваше Преспанскиот договор кој му претходеше на македонското членство во Алијансата.
„Претседателот секогаш се залагал за остварување на стратешките цели на Република Македонија. Македонскиот претседател смета дека, за жал, останува фактот дека на денешното потпишување на Протоколот му претходеше склучување на договор за промена на уставното име на Република Македонија, што им нанесе трајна штета на македонските национални интереси“, стои во соопштението , од Кабинетот на Иванов.