Она што очекуваме од Грција е земјата да не се претвори во засолниште каде ФЕТО, ПКК, и останатите терористички групи ќе пребегаат, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Анкара.
Во 2018, Грција заедно со Германија беа некои од земјите каде осомничените од ФЕТО побараа азил по неуспешниот пуч, зад кој според турските власти стојат приврзаниците на политичкиот противник на Ердоган, Фетула Ѓулен.