ДИК: Граѓаните да си ги подигнат изготвените лични документи за да бидат ставени во Избирачкиот список

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска

Граѓаните да си ги подигнат изготвените лични документи од МВР, бидејќи во спротивно ризикуваат да не се најдат во Избирачкиот список, предупреди денеска ДИК.

Според неофицијални податоци од МВР, станува збор за 2-3 илјади лица. Според изборниот законик, ден по распишувањето на изборите, МВР треба да достави до ДИК податоци за Изборачкиот список, па поради тоа, како што објаснија од ДИК, граѓаните најдоцна до петок да ги подигнат своите патни исправи или лични карти за да не се доведат во ситуација да не бидат запишани во Избирачкиот список.

Од ДИК информираа дека се прават финални подготовки за претседателските избори и дека се подготвени и за организација на двојни избори во случај да се распишат и предвремени парламентарни.