Поранешниот премиер во бегство Никола Груевски на неговиот профил на „Фејсбук“ го честиташе денешното потпишување на протоколот за НАТО, но критикуваше се што до сега е направено да се дојде до тој чекор.
Според него, Владата го нарушила концептот на правичност, фер договор и разумен компромис, а Грција добила речиси сè со Договорот од Преспа.
„Го честитам денешното потпишување на протоколот за НАТО“, напиша Груевски и во продолжение нуди негово размислување за нова национална стратегија по, како шро вели, „новонастанатата ситуацијa со името“.