Вангеловски: Законот е јасен, рокот на СЈО е истечен

Општа седница на Врховен суд на Република Македонија. Претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски

Доколку има барање за носење на начелно правно мислење Врховниот суд мора да постапи по тоа барање. Законот е јасен, рокот на СЈО е истечен, а начелно правното мислење е задолжително за Врховниот суд и ако дојде до жалба од странката до Врховниот суд тој ќе мора да ја укине пресудата заради донесеното мислење, порача вечерва претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски. Тој посочи дека начелно правното мислење не е одлука со која се запира работењето на СЈО или се наложува нешто, туку се дава за обезбедување единство во примена на законите од страна на судовите.