Иранските власти ги критикува Грција и Италија поради тоа што не купиле нафтата од нив и покрај дозволата од САД, без притоа да му понудат на Техеран објаснување.
„Ниту една европска земја не купува нафта од Иран, освен Турција", изјавил министерот за нафта Бијан Зангене, објави денеска полуофицијалната новинска агенција ИСНА.
САД им дозволи на Италија и на Грција, и двете земји-членки на ЕУ, како и на други шест други земји ( Турција, Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја и Тајван), да можат да увезуваат иранска нафта и покрај американските санкции кон Иран.
Иранскиот министер вели дека американските санкции кон Иран се потешки од иранско-ирачката војна во 80-тите години на минатиот век. Техеран инсистира на тоа дека нема да дозволат Вашингтон да го намали извозот на нафта на нула. Извозот на нафта е клучен извор на приходи за Иран.
Вашингтон ги зголеми санкциите против иранската економија откако претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарната спогодба меѓу Иран и светските сили минатата година. Тогаш САД им дадоа одложување од 180 дена на осум земји, кои уште половина година ќе може да продолжат со увоз на иранска нафта.