Николовски: Потпишани првите договори за инвестиции за развој на руралните средини

Министерот Љупчо Николовски

Во Министерството за земјоделство денеска, во рамки на мерката Диверзификација на фарми и развој на бизниси од ИПАРД 2-програмата, беа склучени првите 24 договори, чија инвестиција изнесува 7,7 милиони евра.

„Во овие 24 договори вклучени се проекти за изградба на фотонапонска централа, набавување опрема за ветеринарна станица, опрема за производство на сокови, за пчеларство, изградба на објект за преработка на метал, за производство на мебел, изградба на рибник и изградба на објект за производство на саден материјал за повеќегодишни растенија. Во рамки на овие договори се овозможува поддршка за изградба и опремување објекти и сместувачки капацитети за рурален туризам, изградба на објект за производство на медицински помагала, како и изградба на дом за стари лица“, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски.