Гинеколошката болница во Чаир ќе се гасифицира

Министерот за здравство Венко Филипче

По вчерашната изјава на скопскиот градоначалник Петре Шилегов дека гинеколошката болница во Чаир има 30 дена да го смени начинот на греење бидејќи со користење на мазут ја загадува околината, се огласи министерот за здравство Венко Филипче.

„Уште во текот на минатата година преземавме одредени чекори за промена на системот на греење во повеќе јавни здравствени установи. Ставивме приоритет на Специјалната болница по гинекологија и акушество „Мајка Тереза“ во Чаир, како и на општите болници во Куманово и Струмица, поради тоа што е подготвена околната инфраструктура за гасификација“, изјави Филипче и додаде дека проектите се готови, влегле во планот за јавни набавки и ќе почнат да се реализираат како приоритет токму во овие три јавни здравствени установи.