Во најновиот извештај на Фридом хаус „Слободата во светот 2019“ Македонија и натаму се наоѓа во групата делумно слободни земји. Во оваа група од регионот уште се наоѓаат Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Србија падна од групата слободни во делумно слободни земји поради изборните нерегуларности, правните малтретирање и кампањата против независните новинари, како и де факто акумулирање на екстра институционалните овластувања на претседателот Александар Вучиќ. Унгарија исто така падна од групата слободни во делумно слободни поради постојаните напади врз демократските институции на земјата од страна на партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, влијаејќи врз медиумите, верските групи, академијата, невладините организации, судовите и приватниот сектор. Во групата слободни земји од регионот се Бугарија, Хрватска и Романија. Од 195 земји, 86 или 44 насто се оценети за слободни, 59 или 30 насто за делумно слободни и 50 или 26 насто за неслободни земји.