СДСМ денеска објави отворен повик за пријава на кандидати за претседателски избори 2019 година.
Во огласот на интернет страницата на владејачката партија се наведени четири критериуми кои се бараат од кандидатите: да е личност со висок општествен углед, да биде способен за извршување на високи државнички функции, да ужива доверба на членството и симпатизерите на СДСМ, како и да биде личност која на најдобар начин ќе ја оживотворува политиката на СДСМ и ќе работи на реализација на стратешките приоритети на Македонија, полноправно членство во НАТО и ЕУ, како и меѓународна афирмација и промоција на земјата.
Рокот за пријавување е до 19 февруари, а според најавите од СДСМ, кандидатот за претседател на партијата ќе биде објавен на конгресот закажан за 3 март.