Протест на жолтите елеци во Париз

Архивска фотографија- протестот на Жолтите елеци во Париз

Неколку илјади поддржувачи на таканаречените жолти елеци денеска излегоа на марш вo Париз. Ова е дванаесетти викенд по ред на кој жолтите елеци излегуваат на антивладини протести.

Помали протести се одржуваат и во други француски градови и покрај сигналите дека движењето ја губи силата наспроти зголемувањето на поддршката за францускиот претседател Емануел Макрон.

Демонстрантите обвинуваат дека полицијата користи контроверзни средства за спречување насилства кои се забранети во многу европски земји. Владата, пак, соопшти дека повеќе од 1000 полицајци и 1700 демонстранти се повредени од почетокот на протестите во ноември. Тие почнаа поради несогласувањето со зголемените даноци за горивата, а продолжија како генерелен револт кон владата на Макрон.