Ниту еден криминал не смее да остане неказнет, не смее да се бараат процедурални причини за вакво или такво постапување со цел да се избегне одговорноста. Одговорност за сторените кривични дела мора да постои и очекувам дека Јавното обвинителство ќе продолжи со гонење, без оглед каков ќе биде нивниот понатамошен став – кој ќе го продолжи гонењето.
Ова го истакна министерката за правда Рената Дескоска одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната одлука на Врховниот суд за Специјалното јавно обвинителство пред почетокот на настанот за „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правниот сектор“ во ЕУ Инфоцентарот во Скопје.
Сведоци сме, посочи Дескоска, дека од самото формирање на Специјалното јавно обвинителство постојано имаше обиди за опструкција на неговата работа.