Шефицата на СЈО, Катица Јанева денеска остварила средба со јавниот обвинител Љубомир Јовески со кој разговарала за одлуката на Врховниот суд, соопштија од СЈО. Врховниот суд донесе одлука дека СЈО може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност.
Во тој контекст, како што наведуваат од СЈО, Јовески и Јанева се согласиле дека постапувањето по предметите ќе продолжи согласно позитивните законски прописи. По одлуката на Врховниот суд станува проблематична надлежноста на СЈО врз предметите Империја и Талир, како и истрагите и предистражните постапки кои сега се водат во ова обвинителство.