Клиниката за стоматологија се дезинфицира по случајот со бактеријата МРСА

Илустрација

Откако кај еден вработен во Стоматолошката клиника беше откриена бактеријата МРСА од Клиниката соопштија дека тој не доаѓа на работа, а клиниката се чисти и дезинфицира. Од таму посочуваат дека нема новопријавени случаи и дека ги очекуваат останатите резултати од санитарниот преглед на вработените.

Во соопштението на Клиниката апелираат до јавноста да нема сомнеж за сигурно и квалитетно давање на стоматолошки здравствени услуги.