На 27 април 2017 за време на насилствата во Собранието обвинетиот Митко Чавков, кој тогаш бил прв човек на БЈБ бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и од таму давал наредби за пасивно делување, рекоа обвинителките на денешното судење. Чавков откако добил порака дека ќе се избира претседател на Собранието, истата порака му ја препратил на поранешниот премиер и тогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тоа било утврдено преку вештачењето на телефонот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. Телефонот на Чавков не бил пронајден, оти наводно го изгубил по болниците.
Обвинителката Вилма Русковска прераскажувајќи исказ на загрозен сведок С1 кажа дека Јане Ченто постојано бил во комуникација и добивал наредби од Митко Чавков, а по настаните заедно со Нинџа постојано се сретнувале со Чавков на кого му биле лути дека ги организирал по наредба на Никола Груевски, а сега ги оставил сами на цедило. Таа рече дека од сведочењата на повеќе сведоци во судницата се покажало дека обвинетиот Митко Чавков свесно не преземал никакви дејствија за справување со ситуацијата и дека ништо таа вечер не било случајно
Обвинителките на денешното судење имаа заврши зборови.Обвинението останува исто, дека обвинетите имале намера да го загрозат уставниот поредок, предизвикале акт на насилство и го загрозила животот на пратениците, новинарите и на другите присутни во собранието. Во обвинителниот акт ново е тоа што за амнестираните стои дека се лица за кои постапката е запрена.